Крај на сезоната за Џон Вол

Плејмејкерот на Вашингтон визардс, Џон Вол, одлучи да оди под нож и да ја санира повредата на тетивата на левата нога, а рехабилитацијата ќе трае до осум месеци. Тоа значи дека Визардс ќе биде без својот најдобар поединец до крајот на оваа сезона.

Поради болки во тетивата, Вол пропушти неколку мечеви во декември, па сега по препорака од експерти тој ќе мора да оди на операција што побрзо. Со овој проблем се соочува подолго време, но изминатиов период болките ги минаа сите граници. Ова ќе биде втора сезона во низа за Вол која нема да ја одигра во целост. Минатата сезона отсуствуваше на половина од мечевите поради повреда на коленото.

Петкратниот Ол-стар играч во досегашниот дел од сезоната бележи просек од 20,7 поени и 8,7 асистенции по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести