Крај за шампионските соништа на Филаделфија, по Харден, сега и Ембид сака да си оди

Џоел Ембид по новото разочарување во плејофот и елиминацијата од Бостон селтикс, размислува налето да ја напушти Филаделфија сиксерс, пишува „ЕСПН“.

Центарот сезонава беше прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата, но разочара плејофот и се погласно се зборува за негово заминување од Филаделфија.

Ембид е разочаран од потегот на управата на клубот која веднаш по елиминацијата од Бостон, го отпушти тренерот Док Риверс, како и големата желба на Џејмс Харден да се врати во Хјустон рокетс.

Како главен фаворит за ангажирање на Ембид се споменува Њујорк никс кој наводно веќе има подготвено понуда и чека центарот јавно ја побара да биде разменет.

- Оглас -

Најнови вести