Крајова и Дижон мотивирани на своите први мечеви во нови лиги

1720 Дижон – Сошо (20.45 часот)

Со овој интересен меч се затвора првото коло од втората француска лига, па двата тима ќе бидат мотивирани знаејќи дека очите на тие што ги интересира Лига 2 ќе бидат свртени кон нив. Во подготвителниот период, тимот кој лани се натпреваруваше во првата лига, Дижон, одигра пет меча и не победи ниту еднаш. Овие два тима имаа меѓусебна контрола на 2 јули, во која Сошо победи со 2-1, но тоа и не мора ништо да значи бидејќи тренерите менуваа многу. Сошо е тим кој ретко игра нерешено.

Предлог тип: ГГ (1.91)

 

2607 Естерсунд – Халмштад (19.00 часот)

Интересен меч од 12-тото коло во шведската прва лига бидејќи се среќаваат два тима кои одамна не победиле и бараат излез од кризата. Естерсунд има три порази по ред, на сите три меча примаше по три гола. Халмштад од мај не знае за пораз, има четири нерешени игри по ред и тие се тврд тим со втор број на најмалку постигнати, но и втор по најмалку примени голови во лигата. Традицијата на меѓусебните дуели најавува мала ефикасност, последните два меча им завршија без голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.79)

 

3309 Висла – Заглебје (18.00 часот)

За двата тима, овој дуел во Краков е прв официјален меч сезонава. Во подготвителниот период, двата тима многу често играа мечеви и со примен и со даден гол. Проблемот за Заглебје е што не победил уште од април, а интересно е што последната победа им беше токму против Висла. Сега мотивите се на страна на Висла, која ќе сака да се извади за двата порази од Заглебје во минатата сезона. Кога играле овие два тима, не било нерешено уште од 2016 година.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.06)

 

2850 У. Крајова 1948 – Динамо Букурешт (20.30 часот)

Во првото коло од романската лига, Крајова загуби со 2-3 од Клуж, а Динамо победи со истиот резултат против Волунтари. Сореску имаше хет-трик за тимот од Букурешт, па екипата од Крајова мора да внимава на него. Крајова е нов прволигаш, сигурно ќе бидат под голем притисок, но и мотивите од играњето прв прволигашки меч дома ќе им бидат големи. Овие клубови цели 10 сезони не играле меѓу себе.

Предлог тип: 1+I & 2+ (1.66)

 

9044 Бразил – Аргентина (14.45 часот)

Бразилците се големи фаворити на хартија во јужноамериканската одбојкарска пресметка на КОИ во Токио. Во првото коло Бразил славеше лесно со 3-0 против Тунис, додека Аргентина освои еден сет против Русите. Кариоките би требало да ја оправдаат фаворитската улога и тука дилемата е колкав ќе биде бројот на одиграни поени на натпреварот. Ако Аргентина освои барем еден сет, ќе има над 158 поени, ако не, ќе биде минус поени од зададената хендикеп граница.

Предлог тип: >157.5 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести