Кралевите имаат отворен пат кон титулата: Сега се „товари“ кец на Реал, коефициентот е топ

Барселона и Атлетико Мадрид ремизираа без голови на „Камп Ноу“ во едно од двете дерби мечеви во ова коло на шпанската Примера дивисион. Ремито е резултат кој најмногу му одговараше на тимот кој не играше на „Камп Ноу“, а тоа е Реал Мадрид.

Атлетико Мадрид сега има 77 бода од 35 кола, Барселона е втора со 75 бода, додека Реал е трет со 74 бода. Сепак, Кралевите треба да го одиграат својот меч од 35. коло и тоа на свој терен против Севилја. Доколку Реал победи, мадридскиот гигант ќе се израмни по бројот на бодови со градскиот ривал Атлетико, но Кралевите ќе бидат на лидерската позиција поради подобриот скор во меѓусебните дуели.

Едноставно Реал сега е во позиција сам да си решава околу тоа дали ќе ја освои титулата. Доколку тимот на Зинедин Зидан ги добие преостанатите четири меча до крајот, јасно е дека Реал Мадрид ќе го одбрани тронот во шпанското првенство.

Според овие калкулации, без разлика што Реал утре игра дерби против Севилја, повеќе од јасно е дека домаќините нема да сакаат да ја пропуштат дадената шанса сам да си решава, па кецот е повеќе од очекуван на утрешниот меч во Мадрид. Во првиот меч од сезоната, Реал со 1:0 славеше на гости кај Севилја.

 

- Оглас -

Најнови вести