Кралевите имаат порака за Ливерпул: Заборавете на одмазда, ние ќе одиме понатаму

Директорот за односи со јавноста на Реал Мадрид, Емилио Бутрагено, изјави дека со нетрпение го очекуваат дуелот со Ливерпул во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Ждрепката немаше милост за минатогодишните финалисти и тие ќе играат меѓу себе за пласман меѓу осумте најдобри оваа сезона, а на тој двомеч му се радуваат во Кралскиот клуб.

„Ова се два историски тима, а ние ќе се обидеме да го одбраниме нашиот статус на шампиони иако знаеме против кого играме. Но, Ливерпул е шампионски тим кој ќе биде многу тежок ривал, посебно на домашен терен. Но, ние сме Реал Мадрид, а згора на тоа, реваншот го играме на „Сантијаго Бернабеу“ пред нашите гледачи. Сметаме дека Реал Мадрид е фаворит во пресметката со Ливерпул и ние ќе одиме понатаму, ја освоиме титулата минатата сезона, а и сега играме одлично“, изјави Бутрагењо.

- Оглас -

Најнови вести