Кралевите одлучија: Нико Паз ќе биде првото летно засилување

Раководството на Реал Мадрид одлучи да ја активира клузулата на Нико Паз и налето да го врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Кралевите летото 2024 година го продадоа младиот Аргентинец на Комо само за шест милиони евра, а неговата вредност сега изнесува неверојатни 65 милиони евра. Сепак, Реал Мадрид ги заштити своите интереси и вметна клаузула според која имаат право да го вратат назад 21-годишниот репрезентативец на Аргентина.

Паз нема ништо против да се врати на „Сантијаго Бернабеу“ иако конкуренцијата во средниот ред е застрашувачка. Сепак, и самиот фудбалер, но и стручниот штаб на Реал Мадрид веруваат дека тој има квалитет за да се избори за место во првата постава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести