Кралевите сериозно ослабени заминаа за Каталонија: Реал и без Куртоа против Жирона!

Реал Мадрид на вечерашното гостување кај Жирона во лигашки меч од шпанското првенство ќе настапи во необичен состав бидејќи листата на отсутни кај Кралскиот клуб е прилично долга, а ќе фалат клучни поединци, како Куртоа и Бензема.

Во последен момент отпадна и Тибо Куртоа, кој имал стомачни проблеми, па тренерот Карло Анчелоти дополнително го повика младиот голман Марио де Луис, кој треба да му биде втора резерва на Андриј Лунин. Украинецот ќе биде на голот против Жирона.

Освен Куртоа, кај Реал ќе ги нема и Алаба, Менди, Себаљос, Азар и Бензема, а ситни проблеми имаат и Камавинга и Родриго, но тие отпатуваа со тимот во Жирона и ќе бидат во комбинација.

- Оглас -

Најнови вести