Кралевите во Болоња ја прекинаа серијата порази во Евролигата

Актуелнот европски шампион Реал Мадрид славеше со убедлива победа од 74:89 на гостувањето кај Виртус Болоња ја прекина серијата порази.

Кралевите до вечерашниот дуел со Виртус беше во лоша серија од три порази во низа, а со вечерашниот ја задржа предноста од три победи повеќе од Барселона на лидерската позиција.

Најдобар во редовите на Реал Мадрид беше Јабуселе со 15 поени, додека кај Виртус се истакна Кординие со 12 поени и осум скока.

Баерн Минхен со 64:58 го победи Жалгирис во 29-тото коло од Евролигата и остана во трката за позициите кои водат во плејофот. Баерн по 29 кола има учинок од 13 поени и 16 порази, исто колку што имаат Партизан и Валенсија и овие три тима ќе се борат за десеттото место кое води во плејофот.

Асвел приреди изнедување и со 84:80 го победи Анадолу Ефес кој остана на 14-тото место на табелата со скор од 12 победи и 17 порази.

- Оглас -

Најнови вести