Кралот Артуро се врати дома, Видал потпиша за Коло Коло!

Чилеанскиот ветеран Артуро Видал се врати дома, потпиша со Коло Коло, клубот во кој ја почна професионалната кариера во 2005 година.

Видал, кој има 36 години и во кариерата играше за гиганти како Јувентус, Баерн, Барселона и Интер, во минатата сезона беше во бразилскиот Атлетико Паранаенсе. Тој е фудбалер со најмногу победи за Чиле, двапати ја има освоено Копа Америка, а договорот со Коло Коло му е на една сезона.

Од клубот му го доделија омилениот дрес со бројот 23.

- Оглас -

Најнови вести