Кралот Белингам ја расипа забавата на „Ролинг Стоунс“ во Барселона (Видео)

Реал Мадрид ја победи Барселона со 2-1 во големото шпанско дерби, а јунак на Ел Класико кое се играше на олимпискиот стадион во Барселона, беше Џуд Белингам кој ги даде двата гола.

Барса поведе после само 7 минути игра, но Белингам направи пресврт во вториот дел со еден неверојатен гол за 1-1, а победничкиот го даде во судиското продолжение, што делуваше како шок за домашните. Од 1947 година наваму се немаше случено некој играч на Реал на дебито на гостување кај Барса да даде гола.

Сега Реал има четири бода повеќе од актуелниот шпански првак.

Ова е голот на Белингам за 1-1:

- Оглас -

Најнови вести