Кралот го проширува кралството: Џејмс стана косопственик на Бостон ред сокс

Леброн Џејмс, првата ѕвезда на ЛА лејкерс, стана косопственик на бејзбол-франшизата Бостон ред сокс.

Од компанијата „Фенвеј спортс груп“ потврдија дека Џејмс заедно со својот бизнис партнер Маверик Картер, откупиле засега непознат дел од акциите на МЛБ-франшизата, по што Кралот го проширува своето царство во спортовите надвор од кошарката.

Како што е веќе познато, четирикратниот НБА-шампион пред неколку години откупи акции во Ливерпул за сума од 6,5 милиони долари, инвестиција која му донесе профит од 52 милиони долари по успесите на Црвените со освојувањето на Лигата на шампионите во 2019 година и Премиер лига минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести