Кралот му одржа лекција на Кливленд: Премногу се радуваа на моите промашувања

Леброн Џејмс првпат откако го напушти Кливленд и заигра за Лејкерс ноќеска се појави во градот од Охајо и блескаше со 46 поени во победата на Езерџиите од 115:108.

Популарниот Крал од својот овосезонски рекорд, дури 21 поен реализира во последната чевртина, што беше резултат на една провокација од клупата на Кливленд, поточно од еден функционер на Кавалирс. Искусниот Џејмс потоа објасни дека провокацијата го натерала да пружи вонсериска партија.

„Премногу се радуваше на моето промашување кон крајот на третата делница. Знам дека мора да навива за клубот во којшто работи, но според мене, тоа беше претерано. Мене ми остана уште една четвртина да покажам што знам, а јас никогаш не го ограничувам својот потенцијал. Сега сум во позиција кога јас го диктирам темпото на играта, додека противниците не можат да ме диктираат мене“, истакна Џејмс.

Четирикратниот НБА-шампион на свои 36 години стана втор најстар Езерџија по Коби Брајант кој реализирал најмалку 40 поени во еден натпревар. Коби го стори тоа на 37 години, кога во својот последен меч од кариерата забележа 60 поени против Јута џез.

- Оглас -

Најнови вести