Кралот на тројките во НБА покажа дека знае да погоди невозможни удари и на голф теренот (Видео)

Ѕвездата на Голден Стејт вориорс Стеф Кари заигра голф на Американското првенство за славни личности и се најде во фокусот. Кари кој е најдобриот шутер за три поени во историјата на НБА лигата, покажа дека е мајстор за погодување од далеку и на голф теренот.

На едно од полињата каде што требаше да го најде патот до дупката, Кари успеа топчето да го внесе од прв обид и тоа од 139 метри далечина. Овој негов потег наиде на овации во публиката, а НБА ѕвездата знаеше како да прослави.

- Оглас -

Најнови вести