Кралот падна каде што најмалку очекуваше – Химки го декласира Реал (Видео)

Кралот падна каде што најмалку се очекуваше, а одлична партија баскет одиграа кошаркарите на Химки и го изненадија Реал Мадрид со победа од 102:94.

Предводени до Алексеј Швед кој постигна 21 поен и имаше 13 асистенции домаќините доминираа во текот на целиот меч и сега се многу блиску до позициите кои гарантираат настап во битката за титулата.

Во првото полувреме Химки направи предност од 11 поени, 55:44 и до крајот умешно ја чуваше за девета победа во 20. коло во Евролигата.

Покрај Швед одлично одиграа и Букер со 15 поени и Тима и Џил со по 13 поени. Кај Реал Мадрид Џордан Мики беше прв стрелец со 20 поени, а зад него е Фабиен Козер со 17 поени.

Химки со денешната победа ја прекина серијата од 4 порази против кралскиот клуб.

По овој пораз Реал остана на второто место со 15 победи и 5 порази, зад Ефес, кој има победа повеќе, но и меч помалку.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести