Кралот падна во Мадрид, како ќе биде на „Паркот на принцовите“?

ПСЖ – Манчестер ј. (21 ч.)

Пари Сен Жермен на првиот меч на „Олд Трафорд“ покажа дека моќта е на негова страна во моментов и победи со 2-0. Сепак, најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед имал безброј големи предизвици кои успеал да ги надмине. Затоа и не може да се отпише предвреме на мечот во Париз, но традицијата вели дека Манчестер никогаш не успеал да се врати во реваншот ако го загубил првиот дуел пред своите навивачи.

ПСЖ многу тешко губи, па сезонава има само два порази во 44 меча во сите натпреварувања. Според играчите со коишто располагаат двата тима, „светците“ сепак се фаворити.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.55) – квота на денот во Sport Life

 

Порто – Рома (21 ч.)

Резултатот од 2-1 за Рома во Рим им дава речиси подеднакви шанси на двата тима да се надеваат дека ќе одат понатаму. На римската волчица ѝ одговара секакво реми, додека Порто и само со еден гол и победа од 1-0 може да биде конечен победник. Затоа и секој погодок во Порто може да биде „златен“.

Овие два тима играа во 2016 година, и тоа во квалификациите за ЛШ, а Порто влезе во групната фаза со вкупен резултат 4-1. Сепак, Рома покажа дека не е за потценување, иако Порто пред своите навивачи ќе биде благ фаворит.

Предлог тип: 1&0-4 (2.35) – квота на денот во Sport Life

 

Луцерн – Јанг бојс (18 ч.)

За разлика од некои други Купови, во Швајцарија нема многу калкулации, па победникот е познат само по еден меч. Не се игра возвратен дуел, а ако е нерешено следуваат продолжувања, па ако е потребно дури и пенали. Гостите се фаворити, но овој меч едноставно е создаден да се одигра на голови.

Статистиката вели дека на 12 од последните 13 меѓусебни дуели добитен бил знакот ГГ3+, а за похрабрите може да играат и 4+, бидејќи на 10 од тие 13 натпревари било голеада.

Предлог тип: 1-3 I &1-3 II (1.85) – квота на денот во Sport Life

 

Рубин Казањ – Локомотив Москва (17 ч.)

Ова е реванш-дуел од четвртфиналето во Купот на Русија. Локомотив има предност од 1-0 по првата средба во Москва, резултат кој не дава голема сигурност. Тоа што на првиот меч имало само еден погодок не е случајно. Статистиката вели дека на последните седум меѓусебни мечеви никогаш немало постигнато повеќе од два погодока.

Рубин Казањ е познат по тоа дека тешко дава, но и прима голови, па затоа не се очекуваат многу погодоци и сега, а Локомотив Москва сепак ја има фаворитската улога дека ќе помине во полуфиналето.

Предлог тип: Х2&0-2 (1.77)

 

АЕК Ларнака – АПОЕЛ (17 ч.)

АЕК Ларнака нема пораз на последните 13 средби во сите натпреварувања, а АПОЕЛ има само еден неуспех на последните 17 средби. Тоа само покажува колку овие две екипи се немаат навикнато на порази, па можеби и најреално беше што нивниот прв меч во четвртфиналето на Купот на Кипар заврши без победник (1-1).

Резултатот од првиот дуел е во корист на АЕК, кој сега игра и на свој терен, па ќе оди понатаму и со 0-0. Четири од последните пет меѓусебни меча се нерешени по 90 минути игра. АЕК ќе биде без македонскиот интернационалец Иван Тричковски, кој има помала повреда на мускулот на ногата, а во дефанзивата треба да биде Даниел Мојсов.

Предлог тип: Х (2.70)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести