Кралски гест на Сакраменто кингс кон девојчето што плачеше во сала (Видео)

Едно девојче од Сакраменто по име Софи и нејзиниот брат, добија пријатно изненадување, кошаркарот на НБА тимот Сакраменто кингс, Хери Гајлс, испрати видео порака до нив, и лично ги покани да дојдат да гледаат натпревар кога ќе продолжи сезоната. На 11 март, Софи беше снимена на трибините во салата во Сакраменто како плаче од тага мечот со Њу Орлеанс пеликанс беше откажан поради коронавирусот.

„Сакам да ви се извинам за несреќната ситуација и одложувањето на мечот. Имам едно изненадување за вас. Кога работите ќе се вратат во нормала, погодете кој е поканет на наш натпревар? Виеее“ – рече 21-годишното крило на Кингс.

Кога го слушнаа ова, децата почнаа да скокаат од радост, а девојчето носеше дрес токму на Гајлс.

Потсетување на моментот кога Софи плачеше и како изгледаше видео-повикот кој ја орасположи:

https://twitter.com/i/status/1248294605797253120

- Оглас -

Најнови вести