Кралски третман за Бензема, ќе игра за Реал Мадрид и во следните две сезони

Карим Бензема ќе игра за Реал Мадрид и во следните две сезони откако денеска е постигнат договор меѓу двете страни да се продолжи соработката до 2022 година.

Актуелниот договор на Бензема со Реал Мадрид е до 2021 година, но двете страни одлучија да продолжат заедно плус уште една сезона. Потпис на продолжениот договор со поголема плата Бензема ќе стави идното лето.

Бензема ја игра десеттата сезона за Реал Мадрид откако во 2009 година пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Лион.

За Реал има постигнато 160 голови на 329 натпревари, а и сезонава блеска со 12 погодоци и пет асистенции на 17 мечеви што ги одигра во Ла Лига.

Бензема има 32 години и кога ќе му заврши новиот договор, ќе има 34, а токму на негово инсистирање продолжувањето на соработката е само на една година.

- Оглас -

Најнови вести