Кралско проклетство: Трет играч на Реал доживеа идентична повреда поради која ја заврши сезоната

Реал Мадрид во зимскиот преоден рок ќе мора да биде активен на трансфер-пазарот и ќе купува дефанзивец откако синоќа тешка повреда заработи Давид Алаба.

„Што се однесува со трансферите, ќе видиме во следните неколку дена дали може нешто да се направи“, изјави Анчелоти по победата над Виљареал од 4:1.

Реал Мадрид до крајот на сезоната остана без еден од клучните играчи, Давид Алаба, откако деталните лекарски прегледи покажаа дека тој ја доживеа една од најтешките повреди во спортот, ги скина вкрстените лигаменти на левото колено. Ова е трета идентична повреда на играч на Реал Мадрид сезонава. Пред Алаба, вкрстените лигаменти ги скинаа и Едер Милитао и голманот Тибо Куртоа.

По повредата на Алаба, Анчелоти сега на располагање има само двајца централни дефанзивци, Начо Фернандес и Антонио Ридигер, што е премалку за Реал и за натпреварите во Ла Лига, во шпанскиот Кралски куп и во Лигата на шампионите.

„Никогаш не ми се случило за четири месеци на тројца играчи да им бидат скинати вкрстените лигаменти, неверојатно. Не можеме ништо да направиме освен да издржиме како што правевме и досега“, вели Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести