Крамариќ е играч на деценијата во Риека – Армада не го заборави и Ристовски

Андреј Крамариќ е избран за најдобар играч на Риека во минатата деценија, а место во Топ-10 според изборот на навивачите на хрватскиот клуб има и за македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Армада не го заборави и нашиот репрезентативец, кој беше дел од генерацијата што освои двојна круна со Риека и го рангира на шестото место.

Крамариќ победи убедливо со 46,4 отсто од гласовите во клупската анкета, а зад него се Анас Шербини и Дамир Крејлах.

Ристовски со 6,5 посто од гласовите е на шестата позиција, веднаш зад својот кум Марко Вешовиќ. Македонскиот репрезентативец и претходно доби заслужено признание со избор во идеалниот тим на деценијата, заедно со поранешниот соиграч од македонската репрезентација Леонард Жута, со кого ја сочинуваат бековската двојка во дрим-тимот на Риека.

- Оглас -

Најнови вести