Крамариќ ги раситни Милионерите со четири гола (видео)

Андре Крамариќ ја „убива“ Борусија Дортмунд во овие моменти со четири погодоци во дуелот од последното коло во Бундеслига. Хрватскиот голгетер е најзаслужен за убедливото водство на Хофенхам од 4-0 против вицешампионот на „Сигнал Идуна парк“ на нешто помалку од половина час до крајот од средбата.

Крамариќ во осмата и 30-тата минута на двапати го совлада Бурки, во исто темпо продолжи и во второто полувреме постигнувајќи уште два гола по само пет минути игра, во 48-та го комплетира хет-трикот, а само две минути подоцна погоди и од белата точка.

Хрватскиот репрезентативец на тој начин стана првиот играч на Хофенхајм кој постигнал четири погодоци на еден натпревар во Бундеслигата, и воедно е прв играч кој како гостин кај Дортумнд стигнал до овој учинок.

https://twitter.com/GJavoini/status/1276873461844127744

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести