Краснодар го израмни рекордот: Продадени се сите 35 илјади билети за мечот со Порто

Рускиот клуб Краснодар се пофали со израмнет рекорд по бројот на продажба на билети, а Порто ќе го дочекаат пред полни трибини, утре во првиот квалификациски меч од полуфиналето за пласман во Лигата на шампионите.

Од клубот објавија дека сите 35.074 влезници веќе се продадени, што е еднаков учинок на ланскиот во март, кога Валенсија беше гостин на „Краснодар“ арената.

Стадионот е изграден во 2016 година како дел од кампањата за Мундијалот во Русија, а еден од најдобрите клубови во оваа земја си доби модерен спортски објект.

Краснодар во ланската сезона за влакно не успеа да биде пред второпласираната Локомотив Москва и да игра директно во фазата по групи. Двете екипи имаа по 56 бода, но тимот од Москва беше подобар во меѓусебните дуели и заедно со шампионот Зенит ќе игра во ЛШ.
На Краснодар му „падна“ да оди по потешкиот пат, а во полуфиналето противник ќе им биде двојниот европски првак Порто.

Првиот меч пред полни трибини во Краснодар ќе се игра утре од 19. часот, реваншот е на 13. август, а победникот од овој двомеч ќе игра со подобриот од турско-грчката пресметка меѓу Басахшехир и Олимпијакос за влез во фазата по групи во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести