Кратко траеше престојот во елитата, Фулам пак испадна од Премиер лигата

Фулам загуби дома од Барнли со 0-2 и ги загуби и теоретските шанси за опстанок во англиската Премиер лига. На три кола до крајот на Премиер лигата, дефинитивно е дека испаѓаат Фулам, ВБА и Шефилд јунајтед.

Вествуд во 35-тата и Вуд во 44-тата минута беа стрелци на головите за Барнли, кој со победата си обезбеди опстанок. Фулам сезонава на свој терен постигна само 9 гола. Имаше и еден контроверзен момент кога голманот на Фулам, Алфонс Ареола, играше со рака надвор од 16-никот, но не доби црвен картон бидејќи немаше реакција од ВАР-собата.

- Оглас -

Најнови вести