Кратовскиот-пенал рулет е за Силекс, Вардар е елиминиран од Купот на Македонија

Најтофејниот македонски клуб Вардар не успеа да остане единствениот второлигаш што ќе игра во завршпницата на националниот Куп на Македонија откако на пенали со 3:2 беше елиминиран од ланскиот финалист Силекс.

Во Кратово по регуларниот дел беше 0:0, а потоа одлучуваа ударите од белата точка.

И двете екипи почнаа сигурно, ги погодија двата пенали од првата серија и потоа заедно утнаа во втората сеанса.

Вардар продолжи со утките, црвено-црните не успеаја да го погодат и вториот пенал по ред, ситуација што ја искористи Силекс и поведе со 2:1.

Петкратниот освојувач на Купот се врати со погодок во четвртата серија и израмни на 2:2, па Силекс промаши, односно Филип Гачевски го одбрани и вториот пенал и драмата кулминираше пред стартот на последната петта серија пенали.

Сега Божиновски беше јунак и одбрани пенал на Вардар, по што кратовци погодија и се пласираа во полуфиналето.

Претходно пласман во самата завршница обезбедија Македонија Ѓорче Петров и Струга, а се очекува и Шкендија со службена победа против Шкупи да им се приклучи во полуфиналето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести