Екипата на Силекс на најдобар можен начин ја затвори сезоната, освојувајќи го трофејот во Купот ма Македонија.
Кратовци со 1:0 славеше над Шкендија и покрај радоста за трофејот, си обезбеди и место во европските купови, односно во квалификациите за Конференциската лига.
Секако дека еден од најзаслужните за овој успех е тренерот Александар Васоски. Популарниот Тетовче денеска доби продолжување на договорот, а кратовци на својот ФБ профил напишаа:
“Тетовче мајсторе – Тетовче шампионе! 🔵🔴
ФК Силекс ја информира јавноста дека е продолжена соработката со шефот на стручниот штаб, Александар Васоски, кој и во наредната сезона ќе го предводи нашиот тим.
По историската сезона и освоениот Куп-пехар, заедничката приказна продолжува со нови предизвици, нови победи и нови успеси на европската сцена ова лето.
Шефот останува – до нови победи!
#НапредСилекс💙❤️ • #КратовоСакаТитула🏆”

