Крауч правеше фешти на СП во пикадо: Пиво на екс, танц и ерупција од воодушевување кај навивачите (Видео)

Англија е колевка на фудбалот, но тоа е земја во која навивачите уживаат и во фрлањето пикадо. Токму затоа Лондон е домаќин на ПДЦ Светското првенство во пикадо.

Навивачите во овој спорт се познати како многу гласни и со осебна страст уживаат да ги гледаат најдобрите во пикадо. На еден од последните натпревари беше присутен и легендарниот англиски репрезентативец Питер Крауч. Тој заедно со некогашниот фудбалер на Челзи, Стив Сидвел, покажаа дека знаат одлично да се забавуваат.

Крауч во еден момент ја подигна чашата со пиво и ја испи на екс, а потоа ја стави празната чаша на глава. Навивачите го поздравија овој негов потег, а потоа Крауч почна да танцува во ист стил како што танцуваше кога ќе дадеше гол на фудбалските терени.

Едноставно, Крауч ужива додека ги гледа најдобрите во овој спорт, кој секако го има за обложување во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести