Кристал палас го оствари својот, а го уништи сонот на Рајо Ваљекано (Видео)

Кристал палас го победи Рајо Ваљекано со 1-0 во финалето на Конференциската лига играно во Лајпциг и испиша историја, ова е прв европски трофеј за клубот од Лондон кој по овој меч го напуштаат менаџерот Оливер Глазнер и многу од играчите.

Титулата од Конференциската лига останува во Лондон откако лани триумфираше Челзи. Голот кој може да го погледнете ТУКА вреден историја го даде Французинот Матета.

Со победата на Палас, Англија ќе има девет тима во еврокуповите наредната сезона.

Рајо досега никогаш немаше играно никакво финале и го платија данокот на неискуството.

- Оглас -

Најнови вести