Кристал Палас им одржа лекција на гигантите во Премиер лигата и покажа дека е повеќе од клуб

Кристал палас не е тим кој се бори за освојување на трофеи во англиската елита, но со постигнатите резултати во досегашниот дел од сезоната е во друштво на Манчестер јунајтед и Тотенхем. Можеби резултатски не може да му парира на Ливерпул и останатите кои се при врвот, но Кристал палас покажа дека во една работа е пред сите.

Лондонскиот клуб започна акција за згрижување на бескуќниците во зимскиот период. Просторијата која е наменета за јадење на фудбалерите ќе биде преуредена во место каде ќе може да се вдомат оние кои немаат дом и како да ги поминат ладните зимски денови.

Во просторијата ќе има место за 10 бескуќници кои ќе имаат обезбедено кревет, јадење и облека. Оваа иницијатива Кристал палас ја спроведува втора година по ред, а имаат помош и од волонтери.

„Воодушевен сум од тоа што го гледам. Клубот е посветен на заедницата, се грижи за општеството. Им симнувам капа на сите во клубот“, вели тренерот на Кристал палас, легендарниот Рој Ходсон.

 

- Оглас -

Најнови вести