Кристал палас повторно приреди шок на „Олд трафорд“ (видео)

Манчестер јунајтед со пораз против Кристал палас при конечни 1-3 тргна во новата сезона во Премиер лигата. Орлите предводени од Рој Хоџсон втора сезона во низа приредија шок на „Олд трафорд“, откако во последното гостување во Манчестер славеа со 2-1.

https://streamable.com/zcnwaa

Таунсенд го отвори мечот уште во седмата минута по опасниот контра-напад на гостите, за во второто полувреме Палас да добие прилика да зголеми на 2-0 од пенал. Вистинска драма беше при изведувањето на казнениот удар. Прво ударот на Ају го одбрани Де Хеа, но пеналот се изведе одново поради што голманот на домаќините направи грешка при одбраната и отстапи од гол-линијата.

Повторениот пенал го изведе Заха во 74-тата минута за 2-0 во корист на гостите, а само шест минути подоцна Ван Де Бек дебитираше за Јунајтед со погодок за намалување на негативата. Иако се чинеше дека тимот на Солскјер може да се врати во игра, Заха го постави конечниот резултат на пет минути од истекот на регуларните 90.

https://streamable.com/tysqmq

- Оглас -

Најнови вести