Кристијан сезонава е среќно име за Жирона

Иако играше без најдобриот стрелец во шпанскта лига, Кристијан Стуани, во екипата на Жирона се најде друг фудбалер со името Кристијан кој ќе им донесе победа од 2:1 над Рајо Валјекано. Порту со два гола е најзаслужен за триумфот над Рајо, кај кој Столе Димитриевски беше на клупата за резерви.

Каталонците славеа на силниот дожд, благодарение на двата погодока на Кристијан Португес кого сите го викаат Порту. Во второто полувреме, неколку минути по излегувањето на Порту од игра, гостите од Мадрид намалија и внесоа неизвесност.

Порту немаше дадено гол во првенството уште од 27 февруари, но го прекина постот и тоа како двоен стрелец. Ова беше меѓусебен дуел на овие два клуба во Ла Лига, во втора лига играле неколку пати, и Рајо досега никогаш немаше загубено на овој стадион.

Сепак, Жирона дојде до својата прва победа од 19 сеотември наваму, а Рајо остана без триумф од 14 септември.

- Оглас -

Најнови вести