Кристијано е гладен за голови, на Милан нема да му биде лесно

Хофенхајм – Лајпциг (фудбал, Германија, 20.30 часот)

Хофенхајм е интересен тим кој иако има повеќе победи од порази, има негативна гол-разлика со осум примени голови повеќе од дадени. Тоа е тим кој од четирите кола по паузата, само еднаш играше дома и победи на тој меч. Лајпциг се бори за место во ЛШ и одамна нема претрпено пораз во бундеслигашки меч. Меѓусебните дуели на овие тимови кога Хофенхајм е домаќин, редовно завршуваат барем со три гола.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.50)

 

Гранада – Хетафе (фудбал, Шпанија, 19.30 часот)

Станува збор за тимови од горната половина на табелата. Гранада со победа може да се вклучи во трката за места во Европа, а Хетафе веќе е таму и сонува влез во ЛШ. Гранада беше во одлична форма пред прекинот на сезоната, за разлика од мадридскиот тим кој играше променливо. Не играа пријателски мечеви, не се знае сега во каква состојба се. Двата тима имаат по четворица повредени или суспендирани играчи.

Предлог тип: Х (2.90)

 

Валенсија – Леванте (фудбал, Шпанија, 22.00 часот)

Леванте е тим кој или победува или губи, има само три ремија сезонава, најмалку од сите тимови во Ла Лига, но пред паузата, Барди и другарите одиграа нерешено, исто како и Валенсија. Лилјаците се во потера по место во европските купови, а Леванте е безбеден во златната средина. Ова е градско дерби, мотивите се големи на двете страни. Леванте во 2020 редеше само порази на гостински терен, од 2013 наваму секогаш губи на „Месталја“, но сега против себе нема да ја има публиката.

Предлог тип: 1 (1.77)

 

Јувентус – Милан (фудбал, Италија куп, 21.00 часот)

Ова е реванш од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот меч во Милано заврши 1-1, сега Јуве на свој терен има прилика да обезбеди ново финале. Двата тима ќе бидат без своите шпицови. Игуаин ќе фали кај Јуве, а Ибрахимовиќ ќе го нема во Милан. Росонерите одамна не се радувале во Торино, а сега против себе ќе го имаат мотивираниот Кристијано Роналдо, кој три месеци чека за повторно да заигра и да дава голови.

Предлог тип: Т1 2-4 (1.76)

 

Фенербахче – Кајсериспор (фудбал, Турција, 20.00 часот)

На Фенер паузата му дојде добро бидејќи пред прекинот беа во ужасно лоша резултатска низа. Ова е шанса за истанбулскиот гигант да тргне во победничка серија. Кајсериспор е последен тим на табелата и на гостувањата често прима многу голови. Во јануари во купот, Фенербахче дома победи со 2-0, но на последните три лигашки гостувања на „Шукру Сараџоглу“, Кајсери даваше по три гола.

Предлог тип: 1-1 (2.12)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Хофенхајм – Лајпциг Т2 1+I & T2 3+ (2.35)

Јувентус – Милан 1-1 & 2+ (2.95)

Валенсија – Леванте 1 & 2-4 (2.85)

- Оглас -

Најнови вести