Кристијано потсети каков топ има во ногата, и му ја украде славата на Погба кој има нов имиџ (Видео)

Пол Погба ги изненади присутните на „Олд Трафорд“ и сите кои мечот Манчестер јунајтед – Тотенхем го гледаат на телевизија. Французинот кој често експериментира со својата коса, овојпат реши да ја избричи главата, и ги привлече погледите.

Сепак, за Погба се зборуваше само до почетокот на мечот, а откако почна средбата која е битка за место во Лигата на шампионите, главната улога ја презеде Кристијано Роналдо.

Португалецот даде прекрасен гол со шут од далечина за 1-0, негов само втор во 2022 година. Тотенхем изедначи од пенал кој го реализираше Хари Кејн. Но, Роналдо постигна уште еден погодок, па Јунајтед има водство по првото полувреме.

Ова е голот на Кристијано за 1-0:

- Оглас -

Најнови вести