Кристијано повторно им се извини на Арапите: „Ова никогаш нема да се повтори“

Кристијано Роналдо доби суспензија од два натпревари поради срамните гестикулации кои ги упати кон навивачите на Ал-Шабаб. Противничките фанови му скандираа „Меси, Меси“, а португалецот падна на провокацијата, па заслужено беше казнет.

Фудбалерот на Ал-Наср веднаш се извини на целокупната јавност во Саудиска Арабија, но тоа го стори уште еднаш на прес-конференцијата за медиумите.

– „Секогаш ги почитувам културите на сите земји, секогаш и ги почитував. Како што веќе кажав, тој гест никогаш веќе нема да го повторам во оваа земја, но во Европа тоа е сосема нормално. Понекогаш страста и напнатоста ве тераат да направите грешка.“ – рече Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести