Кристијано Роналдо има проблеми и е под истрага!

Кристијано Роналдо не го живее баш најубавиот период од неговата кариера.

Лео Меси во понеделникот ја освои седмата Златна топка, додека Португалецот не ни беше меѓу најдобрите тројца, а неговиот Манчестер јунајтед игра навистина лошо сезонава.

Сепак, тука не се завршува серијата на лоши вести за Роналдо, кој е под истрага на португалските власти.

Тој ги ангажирал браќата Сержи и Жорже Рамалеиро како 24-часовно обезбедување, а португалските медиуми велат дека тие се под истрага бидејќи нелегално почнале да работат за Роналдо.

Тие ги понудиле своите услуги на фудбалерот иако не добиле дозвола од специјалната португалска агенција ПСП, која е задолжена за угледните судии и политичари од оваа држава.

„Не можеме да коментираме додека тие се под истрага“, изјави ПР-от на оваа агенција.

Со самото тоа што браќата започнале нелегално да работат за Роналдо, и самиот фудбалер е под истрага од властите.

Останува да се види која ќе биде пресудата од властите кон најдобриот фудбалер од оваа држава на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести