Кристијано Роналдо го надмина рекордот на Пеле!

Со двата гола против Удинезе, Кристијано Роналдо испиша нова историска страница во фудбалот. Португалецот стигна до 758 голови во кариерата и за еден погодок го надмина Пеле.

Легендарниот Бразилец во кариерата постигна 757 голови, а Роналдо сега е пред Пеле за еден погодок. Пред Роналдо сега е само Јосеф Бичан.

Легендата на Славија Прага е рекордер на сите времиња по бројот на погодоци во кариерата. Бичан вкупно постигнал 805 гола на 530 меча кои ги одиграл во периодот од 931 до 1955 година.

 

- Оглас -

Најнови вести