Кристијано Роналдо приреди пријатно изненадување за пилотите на Ферари

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, кој игра за торински Јувентус, денешниот слободен ден го искористи за посета на Фиорано, каде што Формула 1 тимот Ферари има своја патека за тренинг.

Португалецот со своето присуство ги изненади пилотите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, со кои се фотографираше пред куќата на Енцо Ферари и им подари по еден негов дрес. Саинц е голем фан на Реал Мадрид и во едно неодамнешно интервју рече дека омилен фудбалер му е Кристијано, иако Кристијано Роналдо веќе не е во Реал.

Роналдо е навивач на Ф1 тимот Ферари и голем љубител на скапи и брзи автомобили. Инаку, Кристијано во Маранело заедно со претседателот на Јуве беше во посета и на фабриката на Ферари.

- Оглас -

Најнови вести