Кристијано Роналдо ја доби тужбата против Јувентус!

Кристијано Роналдо го доби судскиот спор против Јувентус за заостанатите плати од времето на корона-вирусот. Иако Португалецот бараше обесштетување од 19,9 милиони евра, сепак судот одлучи дека Јувентус треба да му исплати 10 милиони евра, плус камата.

За екипата од Торино ова е дополнителен проблем со оглед на финансиските проблеми кои ги има. Јувентус во 2020 и 2021 година им ги намалуваше платите на фудбалерите бидејќи натпреварите воопшто не се играа, а потоа се играа и без публика, па клубот имаше намалени приходи. Сепак, Кристијано Роналдо одлучи да го бара тоа што го има потпишано, а од клубот не му го исплатиле, па на крајот тоа мораше да биде решено преку судски спор, кој завршува во корист на фудбалерот.

Португалецот беше дел од Јувентус од 2018 до 2021, период во кој одигра 134 натпревари, на кои постигна 101 гол и запиша 22 асистенции. Неговата плата беше 31 милион евра, а 20 милиони воопшто не му биле исплатени.

- Оглас -

Најнови вести