Кристијано Роналдо јавно му се заблагодари на Кавани

Манчестер јунајтед официјално објави дека дресот со бројот 7 ќе го носи Кристијано Роналдо, а не Единсон Кавани, кој ја имаше седумката на грбот на стартот од сезонава.

По тој повод, Португалецот му се заблагодари на Уругавецот кој го зеде дресот со бројот 21, што го носи и во репрезентацијата.

„Кога потпишав за Јунајтед, не бев сигурен дали ќе може повторно да го носам бројот 7. Затоа сакам да му искажам огромна благодарност на Еди за прекрасниот гест“, рече Роналдо.

Дресот со бројот 7 во минатото го носеа некои од најголемите легенди на Црвените ѓаволи како Џорџ Бест, Брајан Робсон, Ерик Кантона и Дејвид Бекам, па и Роналдо сака да биде дел од ова елитно друштво.

- Оглас -

Најнови вести