Кристијано Роналдо му ја честиташе 123-годишнината на Реал Мадрид

Кристијано Роналдо, кој е прв стрелец во историјата на фудбалот, исто така е најефикасен фудбалер и во историјата на Реал Мадрид, клубот кој денеска слави 123-годишнина од своето постоење.

Роналдо не ја испушти прилика да му го честита роденденот на клубот со кого освои четири титули во Лигата на шампионите.

„123 години на Реал! Честитки на целата фамилија мадридисти. Хала Мадрид!“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести