Кристијано Роналдо не е најдобар португалски стрелец сезонава

Иако 37-годишниот Кристијано Роналдо е португалскиот фудбалер од којшто најмногу стравуваат противниците, и оправдано бидејќи тој е најдобар стрелец во историјата на фудбалот, сепак сезонава Роналдо не е најефикасен португалски фудбалер во топ-лигите.

Доколку македонската репрезентација приреди изненадување во Палермо и ја победи Италија, во финалниот бараж би играла со Португалија, но опасноста не би доаѓала само од Роналдо.

Од Португалците, сезонава најефикасен е Диого Жота, кој за Ливерпул има дадено 19 гола во сите натпрерварувања и тоа е за еден гол повеќе од бројката на суперѕвездата на Манчестер јунајтед.

Андре Силва од Лајпциг има 15 гола, Гонсало Гуедеш од Валенсија има 13, Рафаел Леао од Милан 11, а во добра форма во последно време е и Жоао Феликс. Од ваков напад треба да се плашат Турците, а нема да им биде лесно ниту на Италија или Македонија во евентуалното финале во Порто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести