Кристијано Роналдо не ја измисли прославата на гол по која е познат, туку само го имитира Дарко Панчев (Видео)

Славниот Кристијано Роналдо веќе со години речиси сите свои голови ги прославува на свој карактеристичен начин и пируета, но тоа не е негов изум, туку имитација на нешто што македонската легенда Дарко Панчев го правеше пред 35-40 години, кога Роналдо не бил роден или бил многу мал.

Има едно интересно видео од времето кога Панчев го носеше дресот на Вардар и својот гол го прослави на начин на кој Кристијано многу подоцна почна да ги прославува своите погодоци.

Иако никогаш не кажал такво нешто, можеби на Кристијано идол му бил најдобриот македонски шпиц на сите времиња.

Роналдо вечерва од 21 часот е стартер за Манчестер јунајтед против Шериф во Лигата на Европа, па ако даде гол, можеби ќе прослави во стилот на Панчев.

- Оглас -

Најнови вести