Кристијано Роналдо се согласил да зема помала плата

Агентот на Кристијано Роналдо, Жорже Мендеш, побарал од Јувентус да му го продолжат договорот на Португалецот до јуни 2023 година, а како отстапка, фудбалерот се согласил да зема помала плата од сегашната која изнесува дури 31 милион евра по сезона.

Роналдо има договор со Старата дама до 2022, но изгледа ќе ја продолжи соработката за уште една, што значи дека на Светското првенство во Катар, Роналдо би играл како член на Јуве. Имаше шпекулации дека Роналдо е незадоволен во Јуве и ќе сака летово да си оди, но изгледа тоа не е точно, и сега не само што ќе остане во Италија, туку и ќе заработува помалку.

- Оглас -

Најнови вести