Кристијано Роналдо си купил Мерцедес уште пред да научи да вози

Поранешниот соиграч на Кристијано Роналдо од пред 20-тина години, Витали Кутузов, кој делеше соблекувална со славниот Португалец во Спортинг Лисабон, откри дека Роналдо својот прв автомобил си го купил уште пред да научи да вози.

Роналдо кој е најдобар стрелец во историјата на фудбалот, познат е и по купувањето на луксузни коли. Кутузов кој со Роналдо играше во Спортинг како позајмен од Милан, бил близок со Португалецот, а биле и цимери.

Белорусинот Кутузов откри дека Роналдо си купил Мерцедес кога имал само 17 години, и дека на Кристијано тогаш важно му било на тренинзи да доаѓа со нешто што сам си го купил. Сега, две децении подоцна, Роналдо во својата гаража има примероци од некои од најскапите автомобили на светот кои вредат и неколку милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести