Кристијано Роналдо сонува да игра во ист тим со синот!

Кристијано Роналдо има 37 години, но не планира наскоро да се повлече од активното играње фудбал.

Денеска неговиот најстар син Кристијано јуниор, или како што го нарекуваат нагалено Кристијанињо, полни 12 години, а славниот фудбалер му упати интересна честитка.

„Среќен роденден сине. Најважно е да останеш каков што си сега, момче со големо срце. Како лета времето. Дали можеби сепак ќе играме заедно?“, напиша Роналдо во честитката на социјалните мрежи.

Роналдо со семејството се на летен одмор на Мајорка и таму го прославуваат 12-тиот роденден на неговиот прв син, кој се роди во САД, а го роди сурогат мајка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести