Кристијано се покаја и сега има две опции: Назад во матичниот клуб или преселба во Вечниот град

Кристијано Роналдо очигледно се покаја што се врати во Манчестер јунајтед и подготвен е да го напушти „Олд трафорд“ по само една сезона. Клубот на чело со Ерик тен Хаг наводно крои планови за следната сезона во кои Кристијано не е вклучен, па затоа евентуална преселба не би претставувала изненадување.

Португалската мегаѕвезда не планира сезона во која нема да игра во Лигата на шампионите, па затоа се поврзува со сензационален камбек во матичниот клуб, Спортинг Лисабон.

Лавовите како вицешампиони на Португалија ќе настапуваат во најсилната лига во Европа, но Роналдо би ризикувал драстично да му се намалат примањата бидејќи Спортинг не би можел да ја издржува неговата плата од 23 милиони евра која ја заработува во Јунајтед.

Втора опција за Роналдо е да се врати во Серија А, но овојпат да заигра за Рома под водство на Жозе Мурињо. Тоа би значело повторна соработка на Португалците по една деценија пауза кога беа во Реал Мадрид. Сепак, Волчицата нема да биде дел од континенталната елита во следната сезона, туку ќе игра во Лигата на Европа како освојувач на Лигата на конференции, што би било клучна причина за Роналдо да избегне преселба во Вечниот град.

Дали Премиер лигата останува без еден од најдобрите фудбалери во историјата, останува да се види.

- Оглас -

Најнови вести