Кристијано ќе го брка рекордот на Дел Пјеро

Дуелот на Порто и Јувентус значи појавување на теренот на најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо, а португалската ѕвезда против своите сонародници ќе брка еден клупски рекорд на Јуве кој го држи славниот Алесандро дел Пјеро.

Роналдо со Манчестер јунајтед и Реал Мадрид ја освојуваше ЛШ, а сега целта му е вредниот „ушлест“ пехар на УЕФА да го освои и како играч на Старата дама од Торино. Кристијано во 2018 година во Јувентус беше донесен токму со цел да им помогне да станат европски прваци, нешто што Бјанконерите не биле уште од 1996 година.

Откако дојде во Јуве, Роналдо ги даде сите голови за тимот во нокаут-фазата. Има седум голови и пред него во оваа статистичка категорија е само Дел Пјеро со девет погодоци во дресот на Јуве во осминафинале, четвртфинале, полуфинале или финале. Роналдо е на два гола од рекордот на Дел Пјеро, но тој најдобро знае дека не е лесно да се постигнат два гола против тим во кој одбраната ја држи Пепе, долгогодишниот соиграч на Роналдо од Реал Мадрид и од репрезентацијата на Португалија.

- Оглас -

Најнови вести