Кристијано зачуди многумина со еден детал на фотографијата со син му (Фото)

Напаѓачот на Ал Наср и на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо,  објави фотографија на социјалните мрежи на која тој стои бос во теретана заедно со својот син, сакајќи да покаже дека и неговиот наследник има развиено тело.

Но, многу негови следбеници беа изненадени од лакираните нокти на палците на нозете на Роналдо.

Кристијано ги фарба ноктите на нозете исклучиво за медицински цели. Како спортист, тој поминува многу време во испотени патики, а специјалниот заштитен слој му помага да се спречи пукање на ноктот и создавање „мувла“.

Роналдо со истите нокти се појави пред јавноста и во 2016 година, кога на социјалните мрежи започна жестока дискусија за неговиот „педикир“.

Од последните 9 објави на Кристијано, фотографијата со ноктот стана најдискутирана, има 120 илјади коментари, додека под останатите, каде што е на тренинг или на натпревар има 30-60 илјади коментари.

„Што е со фарбаниот нокт? Татко, син и фарбани нокти“, се некои од најпопуларните коментари под објавата.

- Оглас -

Најнови вести