Криза е, ама Јувентус нема да штеди 100 милиони евра за Феран Торес

Јувентус сака да да го донесе Феран Торес во своите редови, а планот е да се плати откупната клаузула од 100 милиони евра за еден од најдобрите млади напаѓачи на планетата.

Торес има важечки договор со Валенсија до 2021 година, но Старата дама има план како да дојде до ангажман на 20-годишниот младински репрезентативец.

Јувентус планира да ги продаде Бернардески и Коста, играчи што ги купи за сума од по 40 милиони евра, а потоа и да додаде одредена сума за да го откупи договорот на Феран со Валенсија.

Црно-белите очекуваат да добијат околу 50 милиони евра за тандемот што е на продажба, а останатата половина ќе ја платат од својата каса за играчот што со два гола и донесе титула на Шпанија во финалето на Европското првенство за играчи до 19 години, лани во Ерменија.

- Оглас -

Најнови вести