Криза е, ама ваков луд трансфер немало – Продадоа играч за три гол-конструкции, ќе им дадат и мрежи

Хрватскиот второлигаш Цибалија го напарви најчудниот трансфер во последно време и продаде играч за три алуминиумски гол-конструкции со мрежи.

Рене Шариќ го засили Рудеш, екипа што исто така игра во Втората хрватска лига, а Цибалија наместо пари, како што е вообичаено, доби основни средства, што секако се важни во фудбалот, но трансферот е уникатен.

„Ако ме прашате мене, направивме одлична работа. Шариќ имаше договор со Цибалија што важеше уште шест месеци, неговите родители бараа да го ослободиме без отштета, но не дозволивме. Рудеш не сакаше да плати парична отштета, па моравме да ја прифатиме понудата. Конструкциите со голови и мрежи одлично ќе ни се најдат за работа со младинските категории играчи во Академијата на Цибалија“, изјави Крешимир Томиќ, спортскиот директор на Цибалија.

Клубот по осамостојувањето на Хрватска, речиси редовно играше во Првата ХНЛ-лига, но сега е второлигаш. Порано беше познат како Динамо Винковци и одигра неколку сезони и во Првата лига на поранешна Југославија.

 

- Оглас -

Најнови вести