Криза е и за гигантите – Реал ќе го купи Феран Торес и толку за ова лето

Реал Мадрид не е имун на големата финансиска криза што ги погоди и фудбалските клубови во услови на пандемија со Коронавирус, па шпанските медиуми објавија дека и Кралевите ќе мора да штедат.

Планираниот приход на клубот за оваа сезона беше проектиран на околу 900 милиони евра, но тоа ќе биде невозможна мисија во услови на криза што допрва почнува.

Реал како и останатите клубови губи многу со статус-кво ситуацијата во фудбалот, а нема приходи од влезници, маркетинг, ТВ права и туристичките обиколки на „Сантијаго Бернабеу“ и клупскиот музеј што ги посетуваат по околу 3 милиони луѓе годишно.

Сето тоа ќе донесе до драстичен пад на приходите, па се најавува дека и летниот пазар на најтрофејниот европски клуб ќе биде скромен.

Реал е заинтересиран за ангажман на големиот талент на Валенсија Феран Торес, чија отштетна клаузула е 100 милиони евра. Лилјаците не попуштаат, Реал се надева дека ќе најде механизам да ја намали цената за Торес, а како дополнување на ростерот за идната сезона се планира враќањето на неколку играчи кои се на позајмица во други клубови.

На расплогање на Реал му се Одегард, Хакими и Регулион, кои играат одлично сезонава за Реал Сосиедад, Борусија Дортмунд и Севилја.

Најавата за скромен пазар на Реал летово може да ја смени само продажбата на дел од играчите на кои не смета Зинедин Зидан, а меѓу нив најскап е Герет Бејл. Велшанецот ги чини Кралевите 30 милиони евра, Џејмс Родригес дополнителни 18, а скапи се и Маријано Дијас, Брахими, Одриозола, Себалјос….

- Оглас -

Најнови вести