Кројф пред 16 години ги предвиде проблемите со ВАР

Во својата книга од 2002 година, „Ми се допаѓа фудбалот“, сега веќе покојниот Јохан Кројф напиша работи по кои може да се заклучи дека бил визионер. Холандската легенда направи револуција во фудбалот и како играч и како тренер, а во минатото погоди и некои работи кои сега се случуваат.

Со почетокот на употребата на видеотехнологијата во шпанското првенство, има и полемики дали со ВАР секогаш се носат правилни одлуки и колку често треба да се проверуваат спорните моменти.

Три клуба се бунеа кај техничкиот судиски комитет околу сомнителните пенали во минатото коло во Ла Лига.

Кројф во 2002 година напиша: „Ако фудбалот е вистински спорт, нема потреба од ставање камери и во случај на спорни моменти да се прекине мечот, да се гледа снимка, да се донесе одлука и потоа да кажете, ајде, сега продолжуваме со играта. Вакви работи има во некои спортови во САД, но во фудбалот навистина нема смисла. Знам дека многу луѓе сметаат дека така е поправично. Лично, мислам дека во својата длабочина фудбалот е многу правичен“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести